Уште еден кошаркар е на пат да ја смени Србија за Грција

Српскиот кошаркар Тристан Вукчевиќ, кој игра во НБА во тимот на Вашингтон, е на добар пат во иднина да го носи дресот на грчката репрезентација.

Вукчевиќ наводно по мечот со Милвоки ноќеска, му пришол на Јанис Адетокумбо и му рекол дека е Грк.

„Ми пријде и ми рече дека е Грк. Тоа ме изненади, затоа што ми зборуваше грчки јазик. Не ми беше јасно кога го погледнав неговото презиме. Ми објасни дека играл за Грција и дека размислува да игра за нашата репрезентација. Би било добро да игра за нас, погодува тројки, има дриблинг. Играше добро, а има искуство. Ќе ни значи“, рече Адетокумбо после натпреварот.

Тристан е роден во Италија, во Сиена, и има државјанства на Србија, Шведска и Грција.

Претходно и Андреј Стојаковиќ, син на легендарниот Предраг Стојаковиќ, изрази желба да игра во селекцијата на Грција, а не во репрезентацијата во која настапуваше неговиот татко.

Се вчитува...