Познато е колку ќе паузираат Линделоф и Мартинез, вестите за Јунајтед не се добри

Манчестер Јунајтед ќе има сериозни проблеми со одбраната во следните месеци. Лисандро Мартинез и Виктор Линделоф ќе паузираат еден месец. 26-годишниот Аргентинец заработи повреда на тренинг, додека Линделоф се повреди на мечот против Брентфорд. И двајцата се надеваат дека повторно ќе заиграат на крајот на сезоната.

Мартинез речиси цела сезона има проблеми со повреди. Тој пропушти четири месеци од сезоната поради операција на ногата, а минатата седмица се врати после двомесечна пауза поради проблеми со коленото. Линделоф исто така имаше долга пауза поради операција во декември.

Овие две повреди дополнително ја отежнуваат ситуацијата на Ерик тен Хаг. Менаџерот не може да смета ниту на Џони Еванс и Лук Шо. Варан исто така има проблеми, но тој веројатно ќе игра против Челси заедно со Хари Мегваер.

Се вчитува...