Напаѓачот на Јувентус Душан Влаховиќ, беше еден од хероите на Јувентус во победата над Лацио во првиот меч од 1/2 финалето во Купот на Италија. Србинот беше стрелец на вториот гол за победа од 2-0.
Тој призна дека неговиот тим минале низ тежок период и изрази надеж дека во финишот на сезоната ќе бидат вистинските, и дека ќе успеат да го подигнат барем пехарот во Купот.
„Искрено, не ми е гајле колку години ќе постигнам или колку асистенции ќе доделам. Победуваме заедно, и треба да бидеме среќни. Сакам да им честитам на моите соиграчи и на навивачите кои дојдоа да не поддржат. Исто така сакам да истакнам дека поминавме низ тежок период, и мораме да го покажеме вистинското за да победуваме. Мораме да размислуваме од натпревар во натпревар. Игравме против многу добар противник и добар тренер кој направи промени. Сега е важно да се вратиме на победите и во Серија „А“ – рече Влаховиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА