Сериозен проблем за МЗТ Скопје Аеродром во пресрет на финишот од сезоната. Деталните лекарски прегледи покажаа дека повредата на Бојан Крстевски е од посериозен карактер и дека ќе мора да паузира во следните три до четири недели.
Искусниот центар го повреди прстот на десната рака на мечот против ТФТ на неодамнешниот турнир од АБА2-лигата во Широки Брег, по што мораше да му биде имобилизиран. Крстевски поради тоа ги пропушти преостанатите две средби во БиХ, а потоа и дуелите против Вардар и Академија ФМП од домашното првенство, а нема да биде во тимот и на претстојните четвртфинални серии во двете натпреварувања.
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром следниот меч ќе го одиграат в петок на домашен терен против Гостивар (19 часот), додека плејофот во регионалното натпреварување се игра следната среда (10. април) против Широки, исто така во салата „Јане Сандански“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА