Фудбалската федерација на Турција жестоко го казни Трабзонспор за хаосот кој се случи по завршувањето на мечот со Фенербахче, кога навивачи на домашниот тим ги нападнаа гостинските играчи.
Дисциплинската комисија на ФФТ, одлучи Трабзон да биде казнет со шест натпревар без публика на домашен терен како и со парична казна од 90.000 евра поради лошата организација на натпреварот.
Фудбалерите Остерволде и Ирфан Кан, пак, се суспендирани на по еден меч, а казна нема за гостинскиот фудбалер Брихт Самуел кој се впушти во физичка пресметка со навивачите на Трабзон. Од Федерацијата сметаат дека Самуел само се бранел од нападот на навивачите.
На контроверзниот дуел, триумфираше Фенербахче поради што незадоволните фанови на Трабзон втрчаа на терен и го прекинаа славењето на гостите. Беа нападнати неколку фудбалери на Фенербахче а најлошо помина голманот Доминик Ливаковиќ, кој доби повреди на главата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА