ВИДЕО: Воска спорт во само една минута со два ефектни гола има предност од 2-0 против „лавовите“

Фудбалерите на Воска Спорт имаат убава предност од 2-0 против Македонија ЃП на полувремето од првиот натпревар во полуфиналето од Купот на Македонија.

На дуелот кој се игра на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид, составот на Срѓан Захариевски сосема заслужено има предност до кое дојде во само две минути.

Два одлични погодоци во 38. и во 39. минута, донесоа сериозна предност за Воска за далеку помирно второ полувреме.

Најпрво во 38. минута, по нафрлањето на Бобан Георгиев, извонредно со глава реагираше Медим Бајрами кој мајсторски со лоб удар го изненади гостинскиот голман.

А, веќе во 39. минута, и самиот Георгиев по една грешка на гостите, постигна убав погодок со шут откосо за 2-0.

Се вчитува...