Литванскиот претставник во Евролигата, Жалгирис со серија од три победи во низа се врати во игра за место во плеј-инот на најсилното европско кошаркарско натпреварување. Но, за да стигне до него потребни се победи во последните две кола, а и доза на среќа бидејќи пласман меѓу првите десет не зависи само од „зелените“.
Следен предизвик за Жалгирис е утрешното гостување против Монако, а харизамтичниот италијански тренер на клупата на литванскиот состав, Андреа Тринкиери имаше интересна изјава за медиумите на прашање како го подготвува натпреварот.
„Одам во црква и палам свеќа“, одговори Италијанецот. „Ова е единствениот начин на подготовка кога се соочувате во вакви играчи. Се обидувате да одговорите најдобро што можеше со знаење дека секоја одлука која ќе ја направите имате последици. Ако ги фокусирате вашите војници, вашата армија да запрат еден играч, има други кои се многу опасни. Мора да имате многу балансиран план“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА