Мурињо: Една работа нема да му заборавам на Гвардиола додека сум жив…

Жозе Мурињо веќе неколку месеци е без тренерски ангажман по отказот во Рома, а португалскиот стратег во меѓувреме се почесто се појавува во јавноста со интервјуа во кои говори на најразлични теми.

„Специјалниот“ во последното интервју говореше и за својот поранешен голем ривал Пеп Гвардиола, обелоденувајќи информација што досега не беше позната во јавноста.

„Пеп Гвардиола е голем тренер, тоа не е тајна, но исто така е и голем човек… Постојат моменти во животот кои не ги забораваш. Кога татко ми почина, а Пеп знаеше дека сум близок со него, тој веднаш ми се јави, да поразговараме и да ми изрази сочувство. Кога мајка му почина неколку години подоцна, јас му возвратив на ист начин. Постојат работи кои луѓето не ги гледаат, кои не ги знаат“, прокоментира Мурињо.

Португалецот повторно порача дека е подготвен да се врати на тренерскиот занает, па останува да се види дали тој ќе има нов клупски ангажман или можеби ќе почека да заврши ЕВРО 2024 за прв селекторски ангажман во својата кариера.

Се вчитува...