Ракометарите на Кјелце се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампионите откако по победата минатата недела во Данска над ГОГ 25-33, вечерва славеа и на домашен терен со 33-28.
Во ниту еден момент од мечот немаше дилеми околу конечниот победник, со што Полјаците успеаја да стигнат до ново четвртфинале во елитниот шампионат.
Алекс Дујшебаев со седум гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Aрон Менсинг постигна шест гола. Во четвртфиналето Кјелце за противник ќе го има актуелниот шампион Магдебург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА