Интер Мајами не знае да победува без Лео Меси

Интер Мајами делува непрепознатливо откако Лео Меси ја повреди тетивата, па американскиот тим сега се наоѓа пред елиминација на КОНКАКАФ Купот на Шампиони откако во првиот четвртфинален меч загуби на домашен терен од Монтереј со 1-2.

Ова беше четврти меч на кој Меси не можеше да им помогне на соиграчите, а по двете рунди без триумф во МЛС пристигна и поразот од незгодниот состав на Монтереј во континенталното натпреварување. Интер Мајами поведе преку Авилес во 19. минута, но гостите од Мексико доминираа на теренот и заслужено направија целосен пресврт со головите на Макси Меса и Хорхе Родригез.

Реваншот од овој двомеч ќе се игра на жешкиот терен во Мексико, каде според најавите тренерот Тата Мартино повторно ќе го нема на располагање Меси.

Се вчитува...