И Ромелу Лукаку заминува во Саудиска Арабија

Ромелу Лукаку се обидува да се наметне во Рома, но и во италијанскиот гигант не му оди баш најдобро. Се води кон тоа курпулентниот Белгиец полека да заврши со врвниот фудбал во Европа, и да проба да ја побара среќата во Саудиска Арабија.

Откако Даниеле де Роси седна на клупата на Рома, „волчицата“ се крена, но Белгиецот падна. За четири месеци постигна само три гола и прашање е дали Рома воопшто треба да го задржи.

Со оглед на тоа што се уште е играч на Челси, Рома, за да го задржи трајно ќе треба да издвои приближно 80 милиони евра, колку што се за обештетување и за платата од тригодишниот договор.

Бидејќи практично е готово меѓу Лукаку и Челси, јасно е дека опција не е „Стемфорд бриџ“, ниту Европа, бидејќи ретко кој би потрошил 80 милиони за напаѓач во сериозен пад. Но затоа има такви луѓе во Саудиска Арабија. Не би било преголем проблем да му ја платат на Челси посакуваната сума од 40-50 милиони евра и да му понудат богат договор.

Се вчитува...