Големата надеж на јужноафриканскиот фудбал брутално убиенa на бензинска пумпа

Јужноафриканскиот фудбалер Лук Флурс е убиен на бензинска пумпа во Јоханесбург од страна на непознат сторител додека чекал да наполни гориво.

Дваесетичетиригодишниот фудбалер на Кајзер Чифс бил извлечен од автомобилот под закана на огнено оружје, а убиецот го усмртил со тоа што пукал во неговите гради па не успеала да го спаси неговиот живот медицинската интервенција.

Флурс играл на позицијата стопер и има повеќе настапи за младинските категории на репрезентацијата на Јужна Африка, а беше член и на репрезентацијата која настапи на Олимписките игри во Токио.

Се вчитува...