Ибрахимовиќ против Србија ќе се прости од фудбалот

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ против Србија ќе го одигра последниот натпревар во професионалната кариера. Последниот пријателски натпревар пред Европското првенство нашиот северен сосед ќе го одигра на 8. јуни во Стокхолм на „Френдс арената“.

На тој натпревар Златан ќе ги закачи копачките по 122 одиграни натпревари за шведската репрезентација. Ибрахимовиќ веќе имаше едно збогување, кое беше на крајот од минатата сезона на стадионот „Сан Сиро“, но дефинитивното збогување ќе го има пред своите навивачи во својата земја.

Во текот на кариерата Златан играше за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Пари Сен Жермен, Манчестер јунајтед, ЛА Галакси, а последен клуб му беше Милан.

Се вчитува...