Шејн Ларкин го напушта Анадолу Ефес

Еден од симболите на Анадолу Ефес последниве години, Шејн Ларкин како што стојат работите, на лето ќе бидеслободен да избере нова средина.

Според некои шпански медиуми, Анадолу Ефес се уште не му понудил продолжување на соработката и постојат сите шанси актуелната сезона да му биде последна во дресот на турскиот клуб. Се разбира, Ларкин не мора да се грижи за себе бидејќи тој е тип на играч кој може да избере каде ќе игра.

Според истите шпански медиуми, Ларкин има понуди од два евролигашки клуба, без да се прецизира кои клубови. Поранешниот кошаркар на Далас, Њујорк, Бруклин и Басконија ја одработува петтата сезона во Ефес, со кој двапати ја освои Евролигата.

Се вчитува...