Македонија без својата најдобра ракометарка Сара Ристовска, ќе ја пречека Литванија во последниот натпревар од квалификациите за пласман на ЕП 2024. Македонија веќе обезбеди учество на континенталниот собир, откако ќе биде сигурно втора. Шпанија ќе заврши како прва во групата, а Азербејџан и Литванија се сигурно позади нашата селекција.
Во недела во „Борис Трајковски“ Македонија ќе игра без својата најдобра ракометарка, која ќе се врати на обврските на ЦСКА Москва. Таа од Баку директно отпатувала во Москва за да се стави на располагање на клубот.
За дуелот со Литванија во недела, влезот ќе биде слободен, за сите оние кои сакаат да дојдат и да ги поздрават ракометарките кои обезбедија пласман на ЕП. На 18 април во Виена ќе биде ждрепката за групите на континенталниот собир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА