Тешка несреќа во Баскија, меѓу повредените и најдобрите велосипедисти

Тешка несреќа се случи на четвртата етапа на велосипедската трка во шпанска Баскија, односно на 36 километри пред целта. Повредени се неколку од најдобрите велосипедисти на светот.

Како што се гледа на снимката, еден од велосипедистите изгубил контрола и после тоа падна, а по него и сите други.

Паѓаа еден велосипедист над друг, и на крајот беа десетина да лежат на подот. Некои од нив се хоспитализирани како што моменталниот победник на „Тур Д Франс Јонас Вингегард, златниот олимпиец Пирмож Роглич, или победникот на Вуелта, Ремко Евенопол.

Моментално не е познато какви се нивните повреди, но велосипедската заедница е загрижена за нивнат ситуација, и како ќе се одвива продолжението на сезоната.

Се вчитува...