Ливерпул се помачи но не дозволи кикс против Шефилд – Феноменален гол на МекАлистер (ВИДЕО)

Ливерпул ја задржа лидерската позиција во Премиерлигата не дозволувајќи изненадување на мечот со Шефилд јунајтед иако прописно се намачи за да дојде до триумф против последнопласираниот тим во лигата, од 3-1 на „Енфилд роуд“.

Тимот на Јирген Клоп, сосема очекувано, агресивно почна од самиот почеток во желбата да ја оправда фаворитската улога. И успеа во тоа по 17 минути игра.

Во 17. минута веројатно најчудниот свој гол во кариерата го постигна Дарвин Нуњез. Беше упорен во пресингот кон противничкиот голман, принудувајќи го на грешка по која Нуњез со „блок удар“ постигна гол за водство на Ливерпул од 1-0…

Но, во второто полувреме шок за домашните. Автогол на Бредли во 58. минута за израмнување на 1-1.

Сепак, „црвените“ не дозволија кикс. МекАлистер во 76. минута повторно донесе предност од 2-1 со феноменален гол….

А Гакпо со погодок во 90. минута ги постави конечните 3-1.

Liverpool [3] – 1 Sheffield United – Cody Gakpo 90′
byu/50lipa insoccer


Се вчитува...