Никогаш „поладен“ поздрав меѓу Клоп и Салах: Египќанецот не беше среќен синоќа на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Мохамед Салах очигледно не е навикнат на сцена каква се случи синоќа на „Енфилд“ кога беше заменет по еден час игра и тоа во ситуација кога Ливерпул имаше неповолен резултат против Шефилд јунајтед.

Клоп се одлучи да ја замени својата прва ѕвезда при резултат од 1-1. Салах ја напушти играта заедно со Гравенберх, а во игра влегоа Елиот и Робертсон. Сето тоа очигледно на незадоволство на египетскиот репрезентативец.

Видливо беше дека Салах е незадоволен од одлуката на Клоп, па сето тоа го заокружи со никогаш „поладен“ поздрав со менаџерот на Ливерпул. Вообичаено поздравот меѓу двајцата секогаш е полн емоции, но не беше така на вчерашниот дуел.

На крај, сепак, потезите на Клоп се покажаа исправни. Ливерпул победи со 3-1 со головите на МекАлистер и Гакпо.

„Црвените“ во следното коло ги чека голем предизвик со гостувањето против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“.

Се вчитува...