Тренерот на Јокиќ влета на паркет и урлаше на судиите: „Е.ете се, е.ете се…“ (ВИДЕО)

Повеќе од драматичен натпревар одиграа Денвер и ЛА Клиперс кој им припадна на „клиперси“ до трилер-завршница со 100-102.

Никола Јокиќ беше одличен со нов „трипл-дабл“ од 36 поени, 17 скока и 10 асистенции, но во последната секунда не успеа да реализира шут за победа.

Во текот на мечот остана впечатлива и нервозата на тренерот на Денвер, Мајкл Малоун кој во еден момент „насрна“ на судиите приредувајќи вистинско шоу за навивачите. Беше и тоа како лут на судиите во последната четвртина откако не досудија прекршок на шут за три поени за неговиот тим.

Влезе на терен урлајќи на судиите:

„Е.ете се, е.ете се…“ – викаше Малоун, поради што веднаш доби исклучување.

Неговиот тим и без него успеа да одржува ритам со Клипер, но Јокиќ со звукот на сирената не погоди тројка за победа на Денвер.

Се вчитува...