Грците побараа помош од Македонија: Александар Ставрев ќе го суди дербито меѓу Арис и Панатинаикос!

На покана на Фудбалската федерација на Грција, а во договор со Фудбалската федерација на Македонија, најдобриот македонски судија Александар Ставрев ќе го суди дербито од плеј-офот во Првата лига на Грција меѓу Арис и Панатинаикос  кој ќе се одигра на 7. април во Солун.

На Ставрев ќе му помагаат Гоце Петрески и Дејан Костадинов. Во плеј-офот во првенството на Првата лига на Грција учествуваат шест првопласирани екипи. Во моментов Панатенаикос е трет, Арис шести.

Барањето за судии од Македонија е во насока за поголемо регуларност во грчкиот шампионат.

Ова е вторпат како судиска тројка од Македонија ќе суди натпревар во првенството на Првата лига на нашиот сосед. Пред неколку години, Ставрев, Петрески и Костадинов го судеа мечот меѓу ПАОК и Олимпијакос / 2-0/.

М.М.

Се вчитува...