Манчестер јунајтед како никогаш друг тим во историјата на Премиерлигата загуби синоќа од Челси на „Стемфорд бриџ“. „Црвените ѓаволи“ се до 100. минута од мечот имаа предност од 2-3, а потоа во последните секунди од судиското продолжение примија два гола во само една минута за победа на Челси од 4-3.
Сето тоа очигледно го следеше и поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо кој само неколку секунди по крајот на натпреварот постави интересна објава на социјалните мрежи.
Роналдо, кој во моментов е најдобар стрелец во Саудиска Арабија со 29 гола во 24 натпревари, се одлучи очигледно да го „пецне“ својот поранешен клуб во кој фудбалски се прослави.
„Среќни денови“ – напиша јасно Роналдо на социјалните мрежи.
Happy days 💚 pic.twitter.com/rYKY7AVi8r
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) April 4, 2024
Навивачите на Јунајтед очекувано не можеа да останат рамнодушни на сето тоа тврдејќи дека таа објава воопшто не е случајна.
„Не можете да кажете дека не го направи тоа намерно… Ова секако не е случајно, ама е многу ниско… Тајмингот е луд, тајмингот е јасен, но Роналдо е смешен…“ – се дел од коментарите на навивачите на Манчестер јунајтед.
Кристијано Роналдо е познато дека не во добри односи со актуелното раководство на Јунајтед и пред се со менаџерот Тен Хаг. Роналдо го раскина договорот со Манчестер јунајтед на крајот на 2022 година откако во интервју со Пирс Морган јасно порача дека воопшто не го почитува Ерик тен Хаг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

