Покетино: Зошто да славам? Јас не сум кловн, туку тренер

Маурусио Покетино, тренерот на Челси се чини си купи уште малку време по победата над Манчестер Јунајтед во лудиот меч во Лондон, во кој „сините“ дојдоа до победата во судиското надополнување со пресврт.

Покетино кажа дека по натпреварот не ја славел победата, туку дека останал смирен и покрај големата победа која ќе му донесе малку мир. Покетино веќе неколку месеци е под жестоки критики поради лошите резултати на Челси.

„Славење? Јас не сум кловн. Ако сакате кловн, најдете го. Јас сум тренер. Морам да останам смирен, затоа што го водам еден од најмладите тимови во Европа. Ова не е циркус“, рече Покетино.

Се вчитува...