Во последните неколку денови од Турција стигнуваат лоши вести, кога е во прашање фудбалот. Играчите на Фенербахче беа нападнати во Трабзон, па раководството на овој клуб одлучуваше дали да го продолжат првенството или да се откажат.
Откако одлучија да продолжат да играат во Турција, сега од тимот имаат „пеколен план“ како да го саботираат дербито со Галатасарај во финалето на Супер Купот, и јавно да го искажат своето незадоволство од случувањата во турскиот фудбал.
Раководството наводно донело одлука на тој меч да истрчаат со својата У-19 екипа. Но, тоа не е се. Одат подалеку, и се претпоставува дека Фенер на овој меч ќе излезе со девет играчи, но и тоа не е се. Три играчи присилно ќе се повредат, па нема да можат да продолжат.
Тоа ќе значи службена победа на Галатасарај од 3-0. Со тоа турската федерација нема да може да им одземе бодови за овој план. Набрзо информациите стигнале и до челниците на Галатасарај, од каде, пак, излезе информација дека играчите ќе се однесуваат нормално како и на секој меч, па дури ќе имаат и бонуси за победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА