Гарнет и Пирс се скараа за европските кошаркари: Човеку, Србите и Хрватите доаѓаат од војна

На подкастот „Аll the Smoke“ поранешните ѕвезди на Бостон Селтикс и воедно долгогодишни соиграчи, Кевин Гарнет и Пол Пирс влегоа со вербална расправа поради европските кошаркари.

Пирс изјави дека кошаркарите кои доаѓаат од Европа се слабаци, што го разлути Гарнет.

„Европејците доаѓаат од вистински срања. Човече, тие доаѓаат од војна, доѓаат од ситуација каде морале да одат во училиште додека траела војна и додека паѓале бомби. Озбилен сум. Зборам за Србите, Хрватите, за играчите од тие места“, рече Гарнет кој потоа продолжи со објаснувањето.

„Говориш како Американците да се специфични. Европејците доаѓаат од потполно различен начин на живот. Ако гледаш низ нивата историја, а јас играв со доста такви играчи, тие само не се агресивни како американските кошаркари. Тие својата агреисвност ја покажуваат на друг начин, не е лесно со нив. Се гради претпоставка дека не се агресивни, но не можеш да гледаш само така на тоа“.

Се вчитува...