Teмелкоски: Тиквеш е максимално мотовиран за дербито со Охрид

Ракометарите на Тиквеш во мини-дербито утре на домашен терен ќе го пречека Охрид како дел од 7. коло од плеј-офот во Суперлигата на Македонија.

Ракометарот на кавадарчани, Евгениј Темелкоски пред утрешниот меч вели дека тој и неговите соиграчи се максимално подготвени за Охрид.

„Максимално сме фокусирани и мотивирани на натпреварот кој ни следува во сабота со екипата на ГРК Охрид. Спремни сме да го дадеме максимумот и срцето на терен. Добро сме подготвени и знаеме кои ни се целите, се надевам дека со поддршка на публиката и нашите Лозари заедно ќе се радуваме во сабота“, Темелкоски. 
Натпреварот кој ќе се игра во салата „Јасмин“ во Кавадарци е закажан за 18 часот.

Се вчитува...