Уникс Казањ го претрпе и третиот пораз во низа во ВТБ-лигата откако по голема борба загуби на гостувањето против Зенит во Санкт Петербург со резултат 91-87. Актуелниот првак на ВТБ парираше во периодот кога Ненад Димитријевиќ доминираше на теренот, на одмор заминувајќи со само два поени негатива (48-46).
Прва фигура на ова прво полувреме беше токму македонскиот репрезентативец, кој успеа да реализира 19 поени и шест асистенции. Во вториот дел домашниот состав ја промени одбраната врз Димитријевиќ, успеа да го исфрли од ритам нашиот најдобар кошаркар, по што во четвртата четвртина Зенит се одлепи резултатски во завршницата и стигна до триумф .
Македонскиот репрезентативец го заврши мечот со 24 поени, девет асистенции и пет скокови, што сепак се покажа недоволно за триумф на оваа средба. Рејнолдс имаше 20 поени за Уникс, додека во таборот на Зенит најефикасни беа Ертел со 23 и Фрејзер со 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА