Сасуоло уште повеќе си ја искомпликува борбата за опстанок откако оваа екипа прокоцка два бода на гостувањето против фенерџијата Салернитана (2-2).
Тимот на Сасуоло имаше поништен погодок на Пинамонти кон средината на првото полувреме, но благодарение на фуриозниот финиш успеа да замине на одмор со огромна предност од 0-2 по головите на Лауриенте и Бајрами. Три бода вечерва ќе го исфрлеа Сасуоло над опасната зона на табелата, но Салернитана имаше поинакви планови, домашниот тим најпрвин намали на 1-2 со пеналот на Кандрева, пред Маџоре во 91. миунта да ги постави конечните 2-2 на овој дааматичен натпревар.
Сасуоло имаше стопроцентна шанса во 96. минута, но ударот на Пинамонти беше запрен од домашниот голман, па овој дуел заврши со поделба на бодовите.
Салернитана е убедливо последна со само 15 освоени бода, а над „фенерџијата“ на делба од 17. до 19. место се наоѓаат Фросиноне, Емполи и Сасуоло, кој останува претпоследен, со меч повеќе во однос на ривалите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

