Данскиот велосипедист Јонас Вињегор ги повреди белите дробови во несреќа за време на трка во Баскија и се наоѓа во болница во стабилна состојба.
Двократниот шампион на Тур де Франс ја скрши клучната коска и неколку ребра и доживеа колабирање на белите дробови во четвртокот во несреќа откако доживеа пад за време на трката во Баскија.
Неговиот тим Визма објави дека при прегледот во болницата биле откриени модринки или крварење на ткивото на белите дробови. Вињегор сега го чека долга пауза, а под знак прашалник е и неговиот настап на трката околу Франција.
„Тој е стабилен и ноќта ја помина добро. Останува во болница“, се вели во соопштението.
Од трката се откажаа и водечкиот Примож Роглич од Словенија и Ремко Евенепул од Белгија исто така поради пад на истата етапа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

