Одлична понуда не очекува денеска во плеј-офот во ракометната Суперлига на Македонија. Дербито на рундата се игра во Автокоманда, каде веројатно во мечот кој ќе открие многу работи за продолжението на сезоната Алкалоид го пречекува Е. Пелистер.
Битолчани се единствени максимални досега во плеј-офот, а Алкалоид само со победа може да остане во трка за шампионската титулата. Мечот кој ќе се игра во Автокоманда е со почеток во 18 часот.
Интересно треба да биде и во салата „Јасмин“ во Кавадарци каде Тиквеш ќе го пречека Охрид. И овој меч е со почеток во 18 часот. Точно напладне двократниот европски шампион Вардар игра против Бутел, додека од 16 часот Струга ќе го пречека Тинекс Пролет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА