Синот на најдобриот стрелец во историјата на НБА, Леброн Џејмс, 19-годишниот Брони Џејмс најави дека ќе се пријави на годинешниот драфт, но во исто време ќе ја задржи опцијата да остане на факултет.
Минатиот јули, Брони Џејмс доживеа срцев удар за време на тренинг со тимот на Универзитетот Јужна Калифорнија. Тој беше хоспитализиран и пуштен на домашна нега три дена подоцна, а по четири месеци му беше дозволено да се врати во тимот.
Во текот на оваа сезона, во 25 натпревари за тимот на УСЦ, Џејмс играше во просек по 19,4 минути и постигна 4,8 поени со 2,8 скока и 2,1 асистенции.
Леброн Џејмс, кој на крајот на оваа година ќе наполни 40 години, се уште е активен играч во Лос Анџелес Лејкерс, а во неколку наврати изрази интерес да игра во ист тим со својот син. Овогодинешниот НБА драфт ќе се одржи на 26. и 27. јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

