Минатата сезона кошаркарот на Реал Мадрид Гершон Јабуселе ја покажа својата валкана страна во плејоф серијата од Евролигата против Партизан, а овојпат продолжи со слични потези.
Потоа, поради „ММА фрлањето“ на Данте Егзум, тој беше суспендиран на пет натпревари и не учествуваше на фајналфорот каде што беше освоена титулата европски првак. Реал е на добар пат да ја одбрани таа титула, но во петокот вечерта претрпе пораз од Басконија. На средината на третиот дел од таа средба Јабуселе повторно се најде во центарот на вниманието поради лактот кој го „испрати“ кон Чими Монеке.
Французинот тргна во контранапад, беше во целосна предност, а потоа неиспровоцирано замавна кон кошаркарот на Басконија. Дали го погоди ќе остане сомнеж, иако Монеке тоа го покажуваше и бараше видео проверка.
Cuanto más veces veo la agresión de Yabusele a Chima Moneke @Chimdogg_ más me cabreo… ¿de verdad los árbitros no conocen a este jugador?#OtroDíaMásEnLaOficinaBlanca pic.twitter.com/Z7QFZPVJgA
— KIROLEROS.com 101.6fm (@kiroleros) April 5, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА