Познато колку Динамо потрошил за огласот во „Марка“ во кој бара Модриќ да се врати во Загреб

Динамо Загреб го покани Лука Модриќ да се врати на „Максимир“ со оглас на седмата страница на најчитаниот шпански спортски весник „Марка“. Огласот се појави на целата десна страна каде се најде дресот на Динамо со бројот „10“ и презимето Модриќ, а најдолу огласот го потпиша претседателот на Динамо, Велимир Зајец.

Тоа не беше евтина инвестиција за клубот од „Максимир“. Како што е наведено на страниците на „Марка“ во ценовникот за рекламирање, изнајмувањето на целата десна страница во мадридското издание на весникот чини 17.971 евро, додека изнајмувањето на страница во националното издание вреди 37.595 евра. Тоа значи дека Динамо на рекламата за Модриќ потрошил вкупно 55.556 евра.

Овој потег на Динамо одекна низ светот,  а потегот од „Максимир“ го пренесе и најсигурниот новинар за трансфери Фабрицио Романо.

Се вчитува...