Јубилеј за Кевин де Брујне во дресот на Сити

Во 32. коло од англиската Премиерлига, фудбалерите на Манчестер сити победија на гостувањето кај Кристал Палас со 2-4, а белгискиот играч за врска Кевин де Брујне постигна два гола за гостите.

Со тоа 32-годишниот Де Брујне го постигна својот 100. јубилеен гол во дресот на Манчестер сити, во сите натпреварувања. Де Брујне викендов го одигра 372. натпревар за Сити, а освен што го постигна 100. гол, ја запиша и 157 асистенција.

Де Брујне кариерата ја започна во белгиски Генк. Потоа играше за Челси, како позајмен во Вердер и Волфсбург. Тој е член на Манчестер сити од 2015 година. За репрезентацијата на Белгија забележа вкупно 99 настапи и постигна 26 голови.

Се вчитува...