Намалена казната за Трабзонспор по хаосот на мечот со Фенербахче

Фудбалската федерација на Турција му ја намали казната на Трабзонспор од шест на четири меча без публика поради хаосот кој се случи по натпреварот против Фенербахче.

Трабзонспор ќе треба да плати и помала парична казна, односно 448.000 турски лири наместо трите милиони кои беа добиени претходно.

Навивачите на Трабзонспор ги нападнаа фудбалерите на Фенербахче, а во инцидентот возвратија двајца од гостинските фудбалери кои добија еден меч суспензија. Се уште не се знае дали Фенербахче утре на мечот од Суперкупот против Галатасарај во знак на револт ќе настапи со својот младински тим.

Се вчитува...