Френк Лампард кандидат за селектор на Канада

Френк Лампард изненадувачки е еден од кандидатите за селектор на канадската фудбалска репрезентација, пренесува „Телеграф“. Според Телеграф, Канадската фудбалска федерација го ставил Лампард на потесниот список на потенцијални кандидати кои треба да ја предводат репрезентацијата на Светското првенство во 2026 година, каде Канада е еден од домаќините, заедно со САД и Мексико.

Лампард е надвор од терените откако се повлече од функцијата привремен менаџер на Челси на крајот од минатата сезона, а Канадската фудбалска федерација наводно се подготвува за првични разговори со него. Лампард секако сака да се врати на работа, но прашање е колку за него би била интересна функцијата селектор на Канада.

Канада моментално нема селектор, вршител на должноста тренер е Мауро Биело кој беше помошник на Џон Хердман кој минатото лето поднесе оставка за да го преземе Торонто.

Се вчитува...