Јокиќ го предводеше Денвер до врвот, „кралот“ ги внесе Лејкерс во зоната на плеј-оф (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар и главен кандидат за МВП Никола Јокиќ, го оствари 25-тиот трипл-дабл во сезоната, а неговиот тим Денвер се врати на првата позиција на Западот.

Јокиќ за еден час нап аркетот уфрли 19 поени, 14 скока и  11 асистенции, а некои нив повторно беа спектакуларни и „испорачани“ преку целиот терен.

Леброн со 24 и Расел со 28 поени, му донесоа победа на ЛА Лејкерс во дуелотсо Кливленд, и така го донесоа во зоната на плеј-офот. Ова беше 45-та победа за Лејкерси од почетокот на сезоната, и четврти триумф по ред, со што ја имаат во моментов најдобрата серија на Западот.

НБА, РЕЗУЛТАТИ

ЛА Лејкерс – Кливленд 116:97
Бруклин – Детроит 113:103
Мемфис – Филаделфија 96:116
Денвер – Атланта 142:110

Се вчитува...