Најдобриот возач на Формула 1 во моментов Макс Ферстапен, се врати на победничките патеки откако денеска беше најбрз на патеката Сузука за ГН на Јапонија. После минатата трка, во која му „дозволи“ на Карлос Сајнц да слави во Мелбурн, поради неговите проблеми со болидот, утрово доминатно славеше во Јапонија, оставајќи го својот клупски колега на втората позиција со над 12 секунди заостанување.
Победата во ниту еден момент не беше загрозена за Холанѓанецот, па така ја оствари својата трета победа на четвртата стаза во новата сезона.
Зад него беше неговиот клупски колега Серхио Перез, додека на подиумот се искачи и Карлос Сајнц. Вториот возач на Ферари, Шарл Леклер заврши како четвртопласиран. Во топ 5 влезе и Ландо Норис.
Следната трка е за ГН на Кина на патеката во Шангај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА