Поранешниот тренер на Челси и на Евертон, Франк Лампард е блиску да влезе во селекторските води. Според пишувањата на медиумите, англискиот тренер е блиску да го преземе кормилото на репрезентацијата на Канада.
Ако се договори со челниците на канадската федерација, славниот англиски фудбалер ќе ја води оваа селекција на престојното Светско првенство во кое Канада ќе биде ко-домаќин заедно со САД и мексико.
Лампард ја заврши кариерата во 2017 година, а како тренер покрај Челси и Евертон, работеше и во Дерби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА