Владими Егоров, македонскиот борач е последната надеж за учество на Летните олимписки игри во Париз во борење, откако денеска запиша две победи, со кои се пласираше во полуфиналето на квалификацискиот турнир.
Егоров во категоријата до 57 килограми, најпрво во 1/8 финалето го совлада Илман Мухтаров од Франција со 10-0, а потоа запиша победа и над Робери Дингашвили од Грузија со 3-2.
Во полуфиналето, Егоров ќе се сретне со Алибабас Разеде од Азербејџан. Борбата е закажана за 16 часот.
Тој е последната надеж за ОИ, откако претходно елиминирани беа Магомедгаџи Нуров, Расул Шапиев и Вероника Рјабоволова. Нуров денеска беше поразен од Лефтер, додека Шапиев загуби од Капраев. Рјаболова вчера беше елиминирана од Андреа Ана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА