Фудбалерите на Баерн Минхен минуваат во една од најголемите кризи во историјата, а во вторник ги чека расположениот Арсенал, во првиот натпревар од 1/4 финалето во ЛШ.
Тухел беше критички настроен кон своите играчи по поразот од Хаденхајм, и покрај водството од 0-2 на полувремето, а на сето тоа дополнителни главоболки му прават можните отсуства на дел од стандарните првотимци.
Лирој Сане, Кингсли Коман и Нусаир Мазрауи веќе некое време се надвор од стројот, и најверојатно нема да бидат подготвени за вторник. Сигурно нема да игра Александар Павловиќ, додека под голем знак прашалник е и голманот Мануел Нојер, кој веќе некое време работи одвоено од екипата.
Коман се врати на дербито против Борусија Дортмунд, но вчера одново не играше, и не е познато колку е подботвен. Сане имаше проблеми со коленото и не играше против Хаденхајм. Најголема грижа е Мануел Нојер кој и натаму не се вратил да тренира со екипата, и натаму е под посебен режим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА