Тренерот на Ајакс разочаран по дебаклот на дербито: Играа мажи против деца, ова е срамота!

Во најголемото дерби на холандскиот фудбал, Феенорд на свој терен го декласираше Ајакс со 6-0, и така ја оствари една од најголемите победи во историјата на ова дерби. Домашниот тим постигна и седми гол, но беше поништен поради офсајд.

Беше ова 205 меѓусебен дуел меѓу овие два тима, и најголемата победа на Феенорд во историјата. До сега рекордот им беше 9-4, и 6-1 од 1964, односно 1960 година.

Ајакс никогаш не загубил со повеќе од шест гола во холандскиот шампионат. Кога постигнаа седми гол Феенорд, се чинеше дека катастрофата ќе биде поголема. Но, Дани Макели им го поништи поради офсајд.

„Направивме четири грешки, но тоа е тој притисок, притисок кој го прави Феенорд. Не губат свесно топка, а ние три пати не успеавме да ја задржиме топката. Ова беше игра на мажи против деца, против ученици. Беше повеќе од срамотно. За сите нас, за стручниот штаб, за играчите“, рече тренерот Џон ван’т Шип.

Се вчитува...