Прв пропуст на телохранителот на Меси… (ВИДЕО)

Лионел Меси по минатогодишната преселба во редовите на Интер Мајами веднаш ангажираше и личен телохранител, Јасин Чеуко, кој во чекор го следи на секој негов натпревар во МЛС лигата во САД.

Јасин е на секој меч покрај аут-линијата досега во неколку наврати спречувајќи поединци од навивачите да дојдат до Меси.

Но, дека е од „крв и месо“ покажа на вчерашниот натпревар на Интер со Колорадо. По крајот на дуелот едно девојче успеа да се прикраде со Лионел Меси и да добие фотографија и видео со него, пред да ја запрат околните редари.

@espnfc The moment this young fan met #Messi. #lionelmessi ♬ original sound – ESPN FC

Сепак, и самиот Меси потоа се погрижи редарите да не бидат груби со неа…

Се вчитува...