Поранешниот италијански репрезентативец кој во долгата кариера настапи за бројни италијански клубови, Антонио Касано и додека настапуваше беше познат по контроверзното однесување, кое воедно не запре и по крајот на кариерата.
Касано често се наоѓа во медиумите каде ги коментира актуелните фудбалери, а последен кој се најде на „мета“ на 41-годишниот е напаѓачот на Милан, Рафа Леао.
„Леао мисли за себе дека е генијалец, а и некои други се сложуваат со него. Мислам дека е добар играч и не сум го променил мислењето за тоа. Четири и пол месеци нема постигнато гол во лошо првенство какво што е италијанското. Видов како минатата сезона Маркус Рашфрод постигна 25 голови, а игра во силно првенство. Фоден е година дена помлад и веќе има 21 гол и 10 асистнеции. Леао е само обичен играч кој е физички силен“, изјави Касано.
Набргу потоа следеше и одговорот на Португалецот кој на социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер) ја сподели објавата со изјавата на Касано и реагираше со емоџија со лик на кловн.
🤡🤡🤡🤡🤡🤡🤡 https://t.co/wemss1mFXq
— Rafael Leão (@RafaeLeao7) April 8, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА