Дерби натпреварот во НБА лигата помеѓу текасшките клубови Далас и Хјустон донесе преколна атмосфера, но и супредраматичен меч во кој херој на Мавс беше Данте Егзум кој со тројка со звукот на сирената се погрижи за дополнителни минути по кои неговиот тим стигна до третата последователна победа.
Егзум претходната сезона ја помина во дресот на Партизан па на преконференцијта за медиуми доби прашање поврзано со атмосферата во Србија и Соединетите американски држави, споредба за која Австралиецот вели дека не може ни да се направи.
„Беше добро, но очигледно е дека сепак Србија е друга „ѕверка“. Не го говорам тоа поради навивачите на Далас, ништо од тој вид, беше одлично, но во Европа нивото е потполно друго. Скандирањето, навивањето… Тие имаат луѓе кои го водат навивањето и кои воопшто не го гледаат натпреварот само се грижат за тоа како се навива. Да, беше гласно, но Европа не што сосема различно“, изјави Егзум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА