Мајк Тајсон по речиси 20 години ќе се врати во рингот за бокс мечот против Џејк Пол кој е закажан за 20. јули на стадионот на Далас Каубојс. И покрај тоа што се уште нема информација дали овој меч ќе биде официјален, во јавноста постои голем интерес за камбекот на „Ајрон Мајк“.
По овој повод за медиумите говореше и самиот Тајсон кој се осврна и на противникот, но и на неговиот дел од подготовките за 57 меч во кариерата во која има 50 победи (44 со нокаут) и шест порази.
„Не мислам дека Џејк Пол е побрз од мене. Тренирам секој ден и озбилно го сфаќам овој дуел. Станувам рано, трчам, во 13 часот одам во теретана, а потоа работам тренинг за сила и издржливост. Пол многу напредна од денот кога беше само јутјубер. Се сеќавам дека го гледав како 16-годишник како танцува на интересен начин на јутјуб. Тоа не е човекот со кој ќе се борам во јули. Ќе се обиде да ме повреди, но јас сум навикнат на тоа. Ако мисли дека ќе му биде лесно – греши“, изјави Тајсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА