Интер влезе во нова победничка низа во Серија А откако во претпоследниот натпревар на 31. коло славеше на гостувањето кај Удинезе со 1-2 и тоа по целосен пресврт.
Удинезе поведе во 40. минута со комичниот гол на Самарџиќ, а предноста од 1-0 остана на семафорот до крајот на првото полувреме. Вар поништи изендачување во 48. минута, но наградата за Интер стигна во 55. кога Чалханоглу од пенал ја затресе мрежата на Окоје за 1-1. Целосниот пресврт стигна во 95. минута преку Фратеси.
Интер ја задржа двоцифрената предност на врвот на табелата пред градскиот ривал Милан, додека Удинезе останува во битката за опстанок со 28 освоени бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА