Срамно однесување на Роналдо: Кристијано нокаутираше противник, доби црвен, па тргна да го тепа судијата (ВИДЕО)

Ал Наср загуби од Ал Хилал со 1-2 во полуфиналето од Суперкупот на Саудиска Арабија, а мечот го одбележа црвениот картон што го доби Кристијано Роналдо.

Португалецот го напушти теренот во 86. минута откако предизвика уште еден во низата скандали откако игра во Саудиска Арабија.

Португалецот беше видно нервозен во поголемиот дел од натпреварот. Во 86. минута Кристијано доби директен црвен картон поради удар на ривалот. Португалецот по исклучувањето замавна кон главниот судија.

Се вчитува...