Со синоќешниот убедлив триумф на Партизан над Задар и официјално заврши лигашкиот дел од АБА-натпреварувањето, по што раководството на АБА-лигата го објави и распоредот за четвртфиналните двојки, кои ќе се играат до две победи.
Улогата на прв носител во целиот плејоф ќе ја има Црвена Звезда, која беше убедливо прва на табелата во изминатите месеци. „Црвено-белите“ за ривал во четвртфиналето ќе го имаат Студентски Центар, серијата почнува на 15. април во Белград, а реваншот е закажан за 22. април во Подгорица. Евентуалната мајсторка би се играла на 26. април во Белград.
Победникот од оваа серија во полуфиналето ќе се сретне со поуспешниот од пресметкитемешу Мега и Цедевита. Интересно, Мега е тимот со предност на домашен терен во оваа серија младата белградска екипа ќе игра пред своите гледачи на 15 април, вториот меч во Љубљана е закажан за 21. април, а евентуална мајсторка во оваа серија би се играла на 27 април, на теренот на Мега.
Актуелниот шампион Партизан го почнува плејофот како втор носител, а во четвртфиналето за ривал ќе го има составот на Игокеа. Терминот дополнително ќе биде утврден бидејќи Партизан на 15 април ја пречекува Валенсија во последното коло од Евролигата. Сигурно е дека вториот меч во Лакташи ќе се игра на 21. април во 18 часот, а доколку дојде до трет меч, тој ќе се игра на 28. април.
Победникот од Партизан – Игокеа во полуфиналето ќе се сретне со поуспешниот од пресметките меѓу Будуќност и Задар, серија што почнува од 13. април во Подгорица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА