Блесок на тандемот Јокиќ-Мари пред одлучувачкиот меч со Минесота (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар и најголем кандидат за МВП признанието во НБА, Никола Јокиќ, со дабл-дабл се „загреа“ за решавачкиот меч против Минесота за првото место на Западот. Денвер успеа да слави над Јута со 111-95.

Рутински, но и важен триумф на Денвер во битката за врвот на Западот. Нагетси мечот во Солт Лејк Сити го контролираа од почеток до крај. Единствениот пад им се случи во третата четвртина кога домаќините дојдоа до три поени разлика, но работите дојдоа на место во последниот период, и ги елиминираа сите шанси за пресврт на домаќинот.

Јокиќ и Мари беа најефикасни, и двајцата уфрлија по 28 поени. Српскиот центар имаше и 13 скока, и подели седум асистенции.

Сега следува најважиот меч за Денвер против Минесота. Двата тима имаат по 55 победи и 24 порази.

Уште една брилијатна партија имаше и Лука Дончиќ, кој постигна 39 поени во победата на неговиот Далас на гостувањето кај Шарлот. Згора на тоа Словенецо имаше 12 скока и 10 асистенции, комплетирајќи го својот трипл-дабл.

НБА, РЕЗУЛТАТИ

Шарлот – Далас 104:130
Филаделфија – Детроит 120:102
Торонто – Индијана 123:140
Милвоки – Бостон 104:91
Атланта – Мајами 111:117 (после продолженија)
Чикаго – Њујорк 117:128
Хјустон – Орландо 118:106
Мемфис – Сан Антонио 87:102
Минесота – Вашингтон 130:121
Оклахома – Сакраменто 112:105
Јута – Денвер 95:111
Л.А. Лејкерс – Голден Стејт 120:134
Феникс – Л. А. Клиперс 92:105
Портланд – Њу Орлеанс 100:110

Се вчитува...