Анчелоти: Го изненадивме Сити со тактиката – Гвардиола: Контрите на Реал Мадрид се невозможни

Реал Мадрид и Манчестер Сити вчера одиграа атомски дуел на „Бернабе“ во кој немаше победник. На крајот мечот заврши 3-3, во една извонредна резултатска вртелешка, во која двата тима се сменија во водството, два пресврти и на крајот нерешено.

Најпрво Сити водеше, па Реал се врати за две минути. Потоа Сити направи пресврт за пет минути, а Валверде со гол од волеј успеа да донесе 3-3 за својот тим пред реваншот во Манчестер.

И двајцата тренери Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола истакнаа задоволство од резултатот по мечот.

„Се покажа како многу квалитетен натпревар. Сигурно дека не очекувавме да примиме толку рано гол. После тоа реагиравме добро 60 минути, но примивме два гола кои не можеа да се спречат. Го изненадивме противникот со нашиот систем на игра. Задоволен сум. Се надевавме дека ќе имаме барем минимална предност на домашен терен, но не треба да бидеме разочарани. Ако одиграме исто и на реваншот, мсилам дека имаме шанси“, рече Анчелоти.

Гвардиола кажа дека луѓето во Мадрид добро се забавувале на овој меч.

„Навивачите добро се забавуваа и имаа можност да видат шест гола. Контрите на Реал Мадрид е невозможно да се сопрат. Загубивме многу топки, па дури и нашите најстабилни играчи направија грешки. Свесни сме дека на овој стадион ништо не е решено додека судијата не свирне крај. Долго време доминиравме, постигнав два прекрасни гола. На полувремето им реков дека има уште 45 минути и уште 90 минути на наш терен. Сакав да бидеме посмирени, да го привлечеме противникот кон крилата“, кажа Гвардиола.

Се вчитува...